СПОРТ

Мбапе: Барав да го напуштам ПСЖ

Сагата за неговото заминување од „Паркот на принцовите“ и неговото преселување во Реал Мадрид траеше цело лето, но на крајот, сепак, тоа не се случи.

Меѓутоа, во интервју за „RMC sport“, кое ќе биде објавено целосно во вторник, напаѓачот на ПСЖ призна дека сака да си замине во текот на летниот преоден рок.

“Барав да си заминам бидејќи не сакав да го продолжам договорот и сакав клубот да добие пари во име на трансферот за да може да донесе квалитетна замена. Овие четири години клубот ми даде многу, а јас секогаш бев среќен тука. И сѐ уште сум. Му кажав на клубот доволно рано за да може да реагира на пазарот. Сакав сите да излезат посилни од ова, да си подадат рака еден на друг и јас го почитував тоа. Им реков: „Ако не сакате да заминам, ќе останам“, изјавил Мбапе.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button