ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мечка се спуштила во гостиварското село Равен – нападнала стадо овци

Мечка се спуштила во гостиварското село Равен – нападнала стадо овци

Уште една мечка се спуштила од планина нападнала стадо овци, при што убила шест од нив. Настанот се случил на периферијата на селото Равен од Гостивар, и бил пријавен претходната ноќ. Алсат контактираше со сопственикот на оштетеното стадо. Во неформален разговор, тој ја изрази својата загриженост за случајот. Рече дека е исплашен и загрижен за своите две мали деца. Од Центарот за управување со кризи велат дека по пријавата, полицијата од Гостивар излегла на терен, додека по потврдувањето на случајот следните чекори ќе ги преземат надлежните институции.

„Пријавен е напад на мечка врз овци, поточно во 20:45 минути, пријавата е примена вчера за убиени и изедени овци, во с. Равен во Општина Гостивар. Таа е веднаш зад градот Гостивар, на патот за Маврово“,нагласи Илија Бојаровски, Центар за управување со кризи.

Од Инспекторатот за заштита на природата појаснуваат дека постапката за формирање на тим за брзо постапување е во тек. Појаснуваат дека по проценката на штетата од страна на Министерството за земјоделство, во вакви случаи треба да има надомест за оштетениот.

„Повредените да се пријават во Министерството за земјоделство кои ќе излезат на терен и ќе ја проценат штетата која треба да му се исплати на оштетениот. Минатата година имаше повеќе случаи на спуштање на мечки во населените места во националните паркови Маврово и Шар Планина. Врз основа на тоа, државните институции ќе формираат интервентен тим за брзо дејствување во вакви ситуации и заштита на безбедноста на луѓето. Постапката за формирање на тимот сè уште е во тек“, рече Пејо Кировски, инспектор.

Надлежните појаснуваат дека кафеавата мечка е вид строго заштитен и мора да се најдат хумани решенија . Минатат година беа преземени мерки за чистење и обезбедување на депониите со цел да го спречи симнувањето на мечките, за нивно заплашување се преопорачува да се користат лесни пиротехнички алатки .

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button