СПОРТФУДБАЛ

“Mечот со Шкендија е идеална шанса да излеземе од криза”

Струга Трим Лум со новиот тренер Илчо Ѓорѓиоски го очекува првото дерби со Шкендија и се посакува победа за да се излезе од кризата.

Advertisements

Мечот го најави Бесмир Бојку, играчот на стружани кој истакна дека актуелната позиција на табелата на тимот не е реална.

„Свесни сме дека против себе ќе имаме одличен тим како Шкендија, но Струга не го кажала последниот збор. Вистина е дека сме во мини-криза, но мечот со Шкендија е идеална шанса да излеземе од неа. Ако го видиме нашиот квалитет на тимот, верувам дека петтото место на табелата е нереално за нас. Мора да се вратиме во колосек и да покажеме зошто сме шампиони“, изјави Бојку.

Натпреварот меѓу Струга и Шкендија се игра во градот крај езерото од 14:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button