ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити: Ахмети да не го пали јорганот за една болва

Меџити: Ахмети да не го пали јорганот за една болва

„Ахмети да не го пали јорганот за една болва“, порача таканаречената Огнена група од средбата со граѓаните во Студеничани. Според нив, актуелните министри од ДУИ не дошле со гласовите на граѓаните и поради нивните неуспеси ги исполнуваат условите да заминат. Од ДУИ не одговорија официјално, но како реакција на оваа средба се сфати видеото на кое се гледа како Ахмети изведува песна.

Advertisements

„Ние сме со Али Ахмети, бевме и ќе останеме со Али Ахмети, но пораката од ова е пријателска – да не го палиме јорганот за една болва или за неколку болви“, изјави Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Ова беше главната порака на крајот од првата средба што ја организираше таканаречената „огнена група“ со граѓаните, откако нивните барања не беа прифатени во партијата. За време на престојот во Студеничани тие изјавија дека ќе продолжат со консултациите со граѓаните кои ги поддржуваат за одредување на патот по кој треба да се движат. Тие бараат од лидерот на партијата Ахмети разрешување на министрите од нивната партија бидејќи сметаат дека не ги реализирале ветените проекти.

„Оваа извршна власт дојде без гласовите на граѓаните, дојде без гласовите на генералниот совет на партијата и што е најважно, не постигнаа резултати иту во инфраструктура, ниту во соодветната застапеност, ниту за албанскиот јазик, ниту во децентрализацијата, ниту во кој било друг сегмент. Значи, ги исполнуваат сите критериуми да си одат и да дојдат млади момци и девојки. Сакаме да се подобриме, пред луѓето да не подобрат нас. Кога народот ќе не подобри, ќе биде доцна“, рече Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

„Ние не сме за оние кои дојдоа во ДУИ за свои лични интереси, со самоафирмирање, со рекламирање и не правејќи никаква работа за доброто на граѓаните, се обидуваат да го поделат членството и да ги депримираат албанските гласачи„, рече Невзат Бејта, ДУИ.

Од ДУИ официјално не реагираат за активноста на овие сопартијци кои се и дел од генералниот совет, потпретседатели и секретари. Но, како можна реакција беше протолкувано видеото објавено на социјалните мрежи првично од првиот вицепремиер Артан Груби, а потоа споделено и од многу други профили.

„Ти се сотре коренот и потомството, откако на  Кече му го пресече патот“.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button