Меџити: Академијата за наука и уметност на Алабнците, инвестиција во иднината
Меџити: Академијата за наука и уметност на Алабнците, инвестиција во иднината

Ниту премиерот, ниту вицепремиерот не го кажаа својот став за академија за наука и уметност на Албанците во Македонија. Изет Меџити денеска го истакна фактот дека Албанците целат кон наука, научни достигнувања итн. тоа е најдобрата инвестиција за иднината на државата. Тој дури и го иронизира фактот дека Академијата на науките и уметностите на Македонија, сегашната институција број 1 во областа на науката, никогаш не била загрижена за Албанците, нивната застапеност итн.
„Мислам дека сите треба да го видат ова позитивно, и да се радуваат што Албанците но и другите граѓани кога бараат повеќе да се занимаваат со научно-истражувачка дејност, за академски достигнувања, мислам дека со ова државата ништо не губи, напротив, ова претставува инвестиција за иднината“, изјави Изет Меџити, вицепремиер.
Во сегашната академија има академици Албанци вработени…?
„Не, не, не е така. Во многу дебати, многу барања, има само 3-4 академици, но нема вработени во МАНУ, ниту во кафе барот Никој не може да не убеди дека нема Албанец што може да работи во МАНУ„, нагласи Меѓити.
И Арбен Таравари од истата коалиција истакна дека Албанците не сакаат етнизирање на науката, туку развој на државата.
„Не, науката никогаш не е етнизирана, имаме повеќе универзитети, не ја етнизираме. Ќе имаме повеќе институции кои ќе се занимаваат со наука и уметност и ќе се развиваат овие институции што е можно повеќе, ќе ги поддржуваат- секоја година кога ќе има резултати како се рангирани нашите универзитети, за жал, за никаде сме. Сите да дадеме максимум, за да може што подобро да се развиваат што повеќе универзитети и уметноста, сите етникуми во Македонија“, рече Арбен Таравари, министер за здравство.
Но, премиерот Мицкоски остана на истата линија против. Тој рече дека МАНУ треба да биде само една институција, а нејзиниот дух да биде единство, а не поделеност.
Идејата на Албанската академија за наука и уметност беше објавена пред неколку дена, како иницијатива на 4 општини. Но, наиде на противење и од ДУИ, која ја нарече малска академија. Од друга страна, сегашната Академија на науките и уметностите досега брои само 4 члена, академик Алајдин Абази, академик Абдилменаф Беџети, како и надворешни членови, Изет Зеќири и Али Алиу. Најмногу, МАНУ ќе остане запаметен во овие години, по мегаскандалот со енциклопедија во 2009 година во која наведе дека Албанците биле дојдени од планина. /Алсат.мк