ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Меџити: Албанската опозиција бара предвремени избори и министри во техничката влада

Здружената албанска опозиција бара предвремени парламентарни избори заедно со вториот круг на претседателските, но и министри во техничката влада. Ставовите ги изнесе Изет Меџити.
„Бараме да има предвремени парламентарни избори оти оваа влада потфрли во главното ветување, тоа се евроинтеграциите, но и сите сфери. Наш предлог е датум за парламентарни и претседателски избори да бидат 14 и 28 април. На 28-ми да биде вториот круг на претседателски и парламентарните заедно, за да се запазат роковите. Во однос на техничката влада, наш став е дека и овој пат треба да има, но овој пат министрите треба да припаднат на албанската опозиција“, рече Меџити.