ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити: ДУИ го изгуби политичкиот компас

Меџити: ДУИ го изгуби политичкиот компас

Претседателот на Демократското движење, Изет Меџети за Алсат потврди дека новата влада ќе се формира по празникот Бајрам, на 19 и 20 јуни. Меџити рече и дека тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, додека Арбен Таравари ќе биде министер за здравство.

„Јас и Таравари најверојатно ќе бидеме во извршната власт. Јас ќе ја извршувам функцијата вицепремиер и министер за екологија, додека Таравари повторно ќе го води секторот за здравство. Касами повторно ќе се врати во Тетово, за да го заврши мандатот што успешно го започна. Други ресори ќе бидат кадар на Влен. Можам да нагласам дека ќе има и вицепремиери, па јас ќе бидам прв, па во новата извршна власт ќе имаме двајца вицепремиери Албанци. Сериозен кандидат кој верувам дека ќе биде Арбен Фетаи. За евроинтеграција деновиве треба да одлучи Алтернатива. За економија и социјална политика ќе се одлучува во БЕСА“, рече Изет Меџити, претседател на Демократско движење.

Во врска со гласањето на Законот за реорганизација на владата од страна на пратениците на ДУИ, кои претходно изјавија дека со ова на Албанците им се одзема власта, Меџити вели дека ВЛЕН е информиран за средбите меѓу претставниците на ДУИ и ВМРО.

„Тоа покажува дека се контрадикторни, тие го изгубија политичкиот компас и ги менуваат позициите во рок од еден ден. Даваат такви изјави, па на крај гласаат. Знаевме затоа што бевме информирани за средбите на Европскиот фронт и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Тие се случија и со наша согласност. Второ, мислам дека и да немаше таков договор, што е симболично и многу безначајно, тројца пратеници од Европскиот фронт требаше да гласаат за измените за реорганизација на Владата. Не зборувам со имиња, но имињата ги знаеме и тие за да го покријат муабетот дека Европскиот фронт се распаѓа, влегоа во разговори да гласаат, но кога сите гласаат испадна уште полошо бидејќи на крајот не гласаа пратениците на Зијадин Села и Скендер Реџепи“, нагласи Изет Меџити, претседател на Демократско движење.

На гласините дека ДУИ се обидува да се доближи до ВМРО за да побара заштита од евентуален прогон, Меџити одговара дека власта што доаѓа е стабилна и не треба да се валка со, како што вели, вакви политички акробации.

„Оваа влада има стабилни бројки, како ниедна друга влада од 90-тите. Нема потреба да се преземаат или да се влезе во нечии хипотеки. Затоа мислам дека овие движења и овие политички акробации се бескорисни“, додаде тој./Алсат.мк

Суад Бајрами

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button