Меџити: ДУИ нема причина да ги бојкотира локалните избори и тоа не би му се допаднало на меѓународниот фактор
Меџити: ДУИ нема причина да ги бојкотира локалните избори и тоа не би му се допаднало на меѓународниот фактор

ДУИ нема причина да ги бојкотира локалните избори и тоа не би му се допаднало на меѓународниот фактор, вели вицепремиерот Изет Меџити. Според него, бојкотот само ќе и наштети на партијата на Ахмети. Локалните избори, вели Меџити, ќе бидат основа за докажување на легитимноста.
„Оние кои се обидуваат по секоја цена да создаваат разни политички кризи, мислам дека имаат криза како ДУИ поради немањето платформа, програма, визија, обидувајќи се постојано да создаваат тензии со полувистини или лажни вести. Но, граѓаните почнуваат да сфаќаат дека тоа што го кажува ДУИ е невистинито и мислам дека е време да се свртат кон себе, да се реформираат и да бидат конкурентни. Во спротивно нема да бидат конкуренти на политичката сцена и тогаш немаат причина да излезат на следните локални или парламентарни избори. Прво, ниту ЕУ, ниту другите стратешки партнери не го поздравуваат бојкотот и второ, немаат причина да бојкотираат. Ако постојано бараат легитимитет, еве на кои избори ќе можеме да се измериме. Цело време бараа предвремени избори, а сега кога се нудат избори најавуваат бојкот“, рече Изет Меџити, вицепремиер.