ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити: Етничката припадност ќе биде вклучена во законот

Новиот Закон за правична застапеност ќе биде општ, кој предвидува парични казни за оние кои не го почитуваат истиот. Ова го вели првиот вицепремиер Изет Меџити во изјава за Алсат, во врска со новото законско решение кое треба да го замени балансерот, по укинувањето на истото од страна на Уставниот суд.

Advertisements

„Ќе се обидеме до крај ова да е задолжителна норма за секој функционер, да не зависи институцијата од тоа дали има раководител Албанец или не, туку тоа ќе биде законска норма која утре секој раководител на институцијата кој нема да ја почитува ќе се соочи со парична казна и ќе се соочи со прекршување на законот.

Нема смисла тоа да се регулира законски и утре да се препушти на волјата на поединец, дали ќе го земе во предвид или не ова прашање“, рече Меџити.

На прашањето како ќе се надмине препораката на Уставниот суд, која вели дека во иднина ниту еден закон не треба да бара етничка припадност на кандидатите, Меџити е категоричен дека етничката припадност дефинитивно треба да биде вклучена во законот.

„Не се во право дека може да се направи соодветна застапеност во државната и јавната администрација ако не го знаеме етничкиот состав на вработените… Мора, како тогаш ќе имаме соодветна застапеност без да го знаеме етничкиот состав на администрацијата“, додава Меџити.

Вицепремиерот гарантира дека во Владата постои волја за усвојување на законот, кој нема да биде оспорен пред Уставниот суд.

„Прво, принципите ќе бидат заштита на уставната категорија, соодветна застапеност на сите заедници во Македонија, без судир со Уставниот суд, бидејќи знаеме дека минатите гарнитури ни оставија дефект  законот со двојно мнозинство, да може да се укине со просто мнозинство“, рече Меџити.

Законот според Меџити, ќе важи за сите институции, вклучително и за безбедносните тела, кои балансерот досега не ги вклучил.

На прашањето дали законот ќе биде посебен или ќе се заснова на двата закона за јавна и државна администрација, чии членови Уставниот суд ги укина, Меџити нагласува дека најверојатно ќе биде посебен, но за истиот сепак ќе има широка дебата.

„Ќе биде посебен, но ќе биде законско решение. Да не прејудицираме. Важно е дека прашањето за соодветна застапеност ќе се реши законски, а не како досега само со една алатка, механизам како што е балансерот. Што се однесува до формата и деталите, мислам дека ќе има јавна дебата и тоа нема да се прави тајно. Ќе го интензивираме за да го убрзаме затворањето на оваа тема“, вели Меџити.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button