ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити ги покажа црвените линии

Меџити ги покажа црвените линии

Во текот на неделата ќе се конкретизира иницијативата ВЛЕН да се спои во еден политички субјект. Во однос на принципите врз кои е формирана коалицијата, која сега ќе премине во единствен политички субјект, нема колебања. Според претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, ВЛЕН како една партија ќе ги опфати Демократското движење, Движењето Беса, Алтернатива и Движењето Самоопределување. Според него, единствени што има дилеми за ова е Арбен Таравари, при што додаде дека не може да си дел од ВЛЕН, а да соработуваш со ДУИ.

Advertisements

„ВЛЕН е антипод на ДУИ и нема логика за соработка со ДУИ. Во моментот кога би се соработувало со ДУИ, се губи смислата на промената и се губи значењето на она за што ја побаравме поддршката од граѓаните. Во минатото, албанскиот гласач бараше обединување на албанската опозиција, а сега бара субјектите да се спојат во рамките на ВЛЕН. Верувам дека во текот на неделава ќе има иницијатива ВЛЕН да стане еден субјект“, рече Изет Меџити, Претседател на Демократското движење.

Таравари изјави дека за оваа иницијатива нема информации, додавајќи дека петте пратеници кои ги има ќе функционираат како независна група. Таравари рече дека не прифаќа ултиматум од ВЛЕН, но останува отворен за соработка.

„Алијанса за Албанците ќе остане како субјект кој пак ќе се обиде да соработува доколку се спојат во партија. Досега не сме добиле таква понуда. Ако дојде, ќе ја разгледаме… Ќе им го дадеме името и нека продолжат како ВЛЕН. Ќе останеме 5 пратеници како АА и ќе продолжиме со нашата пратеничка група. Отворени сме за соработка со сите. Со ДУИ не сум разговарале“, рече Арбен Таравари, министер за здравство.
Коалицијата ВЛЕН е формирана пред парламентарните избори- како опција за проемна на власта во албанскиот политички табор. Се официјализираше кога Арбен Таравари влезе во коалицијата. Тоа се манифестираше како почеток на промени, а на Таравари поради ваквата одлука му се закануваа по живот. Непознати лица ставија куршум од калашников пред неговата куќа, а тој беше исклучен од партијата додека се уште трае судскиот процес за партиските печати./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button