Меџити: Ќе го институционализираме одбележувањето на Рамковниот договор

Намерата на ДУИ за паралелно одбележување на годишнината од Охридскиот рамковен договор, ребалансот на буџетот, како и други прашања од актуелната состојба во државава се дел од прашањата во интервјуто на Алсат со првиот вицепремиер, Изет Меџити.
Прашање: Г. Меџити, последните денови се судривте во однос на одбележувањето на денот на потпишувањето на Охридскиот договор. Во меѓувреме, ДУИ за утре, 13 февруари, организира паралелна манифестација за овој ден. Како го оценувате ова и дали имате одговор на обвинувањата во врска со намалувањето на буџетот за одбележување на потпишувањето на Охридскиот договор?
„Ќе почнеме со буџетот, бидејќи тие ги потрошиле средствата за репрезентација, за ручеци, вечери и концерти и не оставиле средства во буџетот за одбележување на Охридскиот договор. Со буџетскиот ребаланс, буџетот ќе биде исплатен од Владата на Македонија, бидејќи така се дава и тежина, преку Генералниот секретаријат и сè ќе биде покриено од Владата на Македонија. Второ, имаше обвиненија дека Стоилковиќ се заложил за Охридскиот договор, сега го заборавиле ова обвинување бидејќи има владина одлука дека координатор за Охридскиот договор ќе бидам јас како прв вицепремиер, трето, кога имаа можност како дел од владата, го девалвираа одбележувањето на Охридскиот договор со девалвирачки и неинституционални концерти и ние сега го враќаме и го институционализираме Охридскиот договор со владина седница за одбележување на Охридскиот договор со која ќе раководи премиерот и јас, каде следува дебата за духот на Охридскиот договор, за пречките на Охридскиот договор, придобивките од Охридскиот договор и како да се забрза и како да се разбере, не постојано да биде договор туку да се разбере од секој функционер, да го имплементира духот на Охридскиот договор. По девалвацијата што ја направи ДУИ, додека беше на власт со концерти, ние го враќаме назад и ја институционализираме со дипломати, дипломатски кор, во рамките на институциите. И знам дека ова им боли, бидејќи 11 години со ВМРО не успеаја Груевски да го имаат учесник во коктелите за одбележување на Охридскиот договор, а не да го почитува, и да биде на чело на духот на Охридскиот договор, како што е сегашниот премиер, г-дин Мицковски. Мислам дека тоа е онаа дилема што се појави во врска со ова прашање“, рече Меџити.
Прашање: Во текот на овие 23 години, од потпишувањето на Охридскиот договор, како го оценувате неговото спроведување? Духот на овој договор дали е инсталиран во институциите на земјата?
„Да, токму тука е проблемот, реков јас, додека тие беа во власта, велеа дека Договорот е завршен, нормативниот дел на Охридскиот договор. Славеа, не институционално, туку со концерти надвор. И денес, кога се институционализира Охридскиот договор, духот на Охридскиот договор, тие повторно партиски, со еден вид паралелизам со присвојување на Договорот приватно, сакаат да го слават Охридскиот договор. Но, Охридскиот договор не е на една политичка партија, Тој е резултат на војната во 2001, тоа е мировен договор кој отвори нова перспектива во Северна Македонија. Мислам дека Албанците го дадоа максимумот за г-дин Ахмети и ДУИ, им ги дадоа најдобрите луѓе. Побараа четири години за примена на Охридскиот договор, им дадоа 20 години и не успеа да го спроведе овој договор. Ние го враќаме тој дух. Ние велиме дека не договор, туку да се разбереме околу ова, независно дали раководството е македонско или албанско да дејствува визави и во согласност со духот на Охридскиот договор. Мислам дека оваа влада нема да е симболична влада, туку ќе има суштинско владеење, која ќе биде од корист на граѓаните, на Албанците и на сите во Македонија“, рече Меџити.