Меџити кон Таравари: Ти не ја напушти владата, туку ја предаде, не се враќаш кај народот, туку кај „црната листа“

Откако синоќа крилото на АА и нејзиниот лидер Арбен Таравари донеоа одлука за излегување од Владата на Република Македонија, веднаш потоа Изет Меџити, лидерот на Демократското движење, од Вреди, се огласи со жестока реакција преку својот фејсбук-профил.
„Не ја донесовте промената, ја спречивте промената. Не се враќате кај народот, се враќате на црната листа. Не ја напуштате владата, ја предадовте Владата. Вие не го преставувате духот на членството на АА, туку го измамивте членството на АА. Не сте херојот на секоја приказна, вие сте очајот на секој Албанец, кој гласал и поддржал промени. ВЛЕН го продолжува патот на промените. Ги покануваме сите активисти, симпатизери и гласачи кои се чувствуваат измамени, предадени и оставени на средина на патот без насока. Политичкиот компас на прмените е ВЛЕН. Дојди со нас!“, напиша Меџити на статус на „Фејсбук“.