
Инцидентите со сквернавењето на државните и националните знамиња ги судрија власта и албанската опозиција. Изет Меџити од ВЛЕН, изразува сомнеж дека манипулацијата на некои млади луѓе е поврзана со луѓе блиски до ДУИ, подвлекувајќи дека во наредните денови тоа ќе биде разјаснето со аргументи и факти.
„Додека се повикуваат на интерпелација, случајно или не, излегува дека некои млади луѓе се манипулирани од нив, но во наредните денови ќе ги објасниме со факти и аргументи“, рече Изет Меџити, прв вицепремиер.
А, Демократската унија за интеграција во однос на инцидентите го вперува прстот кон актуелната власт, и како што вели, институционалното лошо управување. Тие бараат итна и неотповиклива оставка на министерот и заменик-министерот за внатрешни работи. Ако тоа не се случи, од таму најавуваат иницијатива за интерпелација.
„Ако овие оставки не се случат, ние во наредните денови ќе иницираме интерпелација во Собранието на РСМ за министерот и заменик-министерот за внатрешни работи, за да ја докажеме одговорноста, непрофесионалноста и штетата што овие луѓе ја предизвикале врз мирот, стабилноста и меѓуетничката кохезија на државата“, рече Бајрам Реџепи, потпретседател на ДУИ.
ДУИ од една страна побара граѓаните да останат смирени, а од друга страна ја обвинува власта ВМРО-ВЛЕН дека ја води државата во погрешна насока и дека има промислен пристап кон понижување и потценување на албанската заедница./Алсат.мк
Ајнур Бафќари