Меџити најави на затворање на депонијата во Никуштак Липково
Меџити најави на затворање на депонијата во Никуштак Липково

Вицепремиерот и министер за екологија Изет Меџити најави затворање на дивата депонија во општина Липково, поточно во селото Никуштак и уште 5 други помали депонии. Меџити при посетата на овој регион заедно со вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и пратеникот од регионот Ријад Шаќири изјавија дека се планира дел од депонијата да биде отворена до изградбата на регионалната депонија. Според Меџити, теренската работа ќе започне по завршувањето на процедурите.
„Во рамки на проектот за затворање на дивите и нестандардни депонии во североисточниот регион, меѓу другото, предвидено е затворање на дивата депонија во Ликово-Никуштак и 5 помали депонии, односно и други кои се во општина Ликово. Проектот е во тендерска фаза. Евалуацијата започна на 6 јуни 2024 година и се очекува да биде завршена и договорот потпишан до крајот на август, а потоа ќе започнат теренските работи. Предвидено е мал дел од депонијата да остане отворена до изградба на регионалната депонија, а во втората фаза од проектот по ИПА III истото ќе биде целосно затворено. По изградбата на регионалната депонија во Свети Николе, Липково ќе го транспортира отпадот до преносна станица во Куманово од каде ќе биде испратен до регионалната депонија во Свети Николе”, рече Изет Меџити, министер за екологија.