ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити најавува проширување на парламентарното мнозинство

Шефот на Демократското движење од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити, ги потврди претходните најави на Мицкоски за зголемување на бројот на пратеници од мнозинството. Според Меџити, на мнозинството ќе му се приклучат 3-4 пратеници на Фронтот.

„Од тие 18 пратеници, 3-4 веќе се дел од новото мнозинство. Вечерва нема да ги спомнувам имињата, но има турски партии и турската заедница нема капацитет и потенцијал четири години да остане во опозиција, тие се гледаат себеси во идната влада. Има и неколку други пратеници кои се со Ахмети и не ги врзува ништо, во минатото се бореле, правеле атентати еден на друг  и предизвикувале жртви кај Албанците и многу други последици. Тие се обединија само за да бидат дел од владата. Затоа ваквата мисијата е неуспешна“, рече Меџити.

Пратениците Бејџан Иљаз и Салих Мурат ја демантираа изјавата на Меџити, велејќи за порталот 360 степени дека остануваат со Фронтот. Претходно првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека има најмалку тројца пратеници од новата опозиција кои ќе се приклучат на новото мнозинство.

Паралелно со овие тврдења, трите партии кои се очекува да ја формираат новата влада треба наскоро да го затворат договорот меѓу нив. До истекот на десетдневниот мандат за добивање на мандатот за формирање влада остануваат уште осум дена.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button