ВЕСТИЗДРАВСТВО

Меџити: Никој нема да биде поштеден и заштитен во здравството

Додека истрагата за скандалот на Клиниката за онкологија и понатаму останува во предистражна фаза, надлежните постојано даваат гаранции дека никој нема да се спаси, или заштити. Министерот за здравство, Фатмир Меџити на средба со новинарите рече дека има чесни лекари и не треба сите да се ставаат во една вреќа. Меџити ги повика граѓаните и пациентите да соработуваат со истражните органи.

„Доколку е потребно, ќе се промени целиот здравствен менталитет и култура. Да почнеме од себе како професионалци, како министри, како медиуми и како граѓани. Да почнеме да размислуваме позитивно и оптимистички. Она што го гарантирам како министер врз основа на моите надлежности, е дека нема да заштитиме и поштедиме никого. Секој, за кој ќе има докази ќе биде санкциониран..“ , рече Меџити.

Нема информации дали во истрагата е вклучен и елементот на лекување на странски пациенти… Од таа причина, Меџити вели дека треба да се почека епилогот од истрагата.

„Немам информации за индикациите дека странски пациенти се лекувани во онкологија. Дури и да имам таква информација, не можамда ја споделам бидејќи постапката во Јавното обвинителство се уште е во предистражна фаза“, додаде Меџити.

Поминаа повеќе од две недели откако полицијата и обвинителството спроведоа акција на Клиниката за онкологија под сомнение дека на пациентите не им била давана целата терпија пропиишана со протокол. Истражителите собрале материјали кои можат да бидат доказ за кривично дело, а секој ден продолжува сослушувањето на сведоците и испрашувањето на осомничените.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button