ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Меџити: Предност при вработувањето за лицата со договор на дело

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, по најавита е за вработување на над 1000 вработени во здравството во јануари, вели дека побарал список на вработените со договор на дело и дека во овој процес може да има отстапки.

„Мора да ги почитуваме законите и уставот на државата, ќе се обидеме, јас лично ќе се обврзам и денеска побарав од службите да ми предадат список на сите вработени со договори во државата, да се знае колкав е бројот. Дали сега ќе има некакви отстапки, не можеме да бидеме идеални, тоа може да се случи, но знаете дека не можете никому да му го ускратите правото да се пријави на натпреварот….ќе бидеме многу внимателни, но не знаm дали ќе има отстапки, се согласувам со вас, дека можеби ќе има, но ќе се обидеме овие отстапки да бидат минимални“, вели Меџити.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавените вработувања ги оквалификува како предизборен поткуп и велат дека оваа мерка нема да го ублажи незадоволството на здравствените работници и нема да го спречи нивното заминување.

„По 7 години негрижа за договорните кадри, власта во заминување повторно манипулира за политички поени .Здравствените работници воопшто не се информирани за процедурите и критериумите за вработување, ниту како е дојдена до бројката од 1117 предизборни вработувања објавени на манипулативен начин“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за здравство најави нови вработувања во јануари и нагласи дека ќе има квалитетна систематизација во сите здравствени установи.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button