Меџити: Прв пат по 20 години Владата имаше храброст балансерот да го замени со закон за правична застапеност

Прв пат после 20 години една Влада имаше храброст да го отвори прашањето за балансерот и да го реши со закон за правична застапеност, истакна првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, одговарајќи на пратеничко прашање на Рина Ајдари од Европскиот фронт.
Дваесет години, нагласи тој, каснат со тоа прашање, подвлекувајќи дека прв пат ќе има закон за правична застапеност во јавната администрација. Според него, најголемото достигнување на претходната влада, чиј коалиционен партнер беше ДУИ во последните четири-пет години бил Отворениот Балкан на Вучиќ.
Забележа и дека министрите од претходната власт укажувале дека на балансерот му поминал рокот и за него дале негативно мислиење, а Уставниот суд, како што рече, избран од претходната власт, го укинал.