Меџити: Работиме на долгорочни решенија кои ќе стават крај на загадувањето

Првиот вицепремиер на Македонија, Изет Меџити, во вчерашното интервју за „24 Анализа“ истакна дека Владата е целосно посветена на решавање на проблемот со загадувањето, а меѓу клучните решенија ќе бидат гасификацијата и реформите во урбаниот превоз. Според него, овие мерки ќе доведат до намалување на загаденоста за 50-70% и ќе ја намалат цената на централното греење за граѓаните.
„Инспекторатот секојдневно е на терен, како во однос на транспортот, така и во борбата против загадувањето. Сме ригорозни по ова прашање, но ваквите мерки само го ублажуваат проблемот, не го решаваат целосно,“ изјави првиот вицепремиер Изет Меџити, запрашан за ефикасноста на инспекторатите на терен.
Освен гасификацијата, вицепремиерот Меџити ги потенцираше и проектите „каршеринг“, поддршката за приватните такси компании и подобрувањето на јавниот превоз.