Меџити: Сицилијанскиот клан на ДУИ ги предава игрите на среќа на српското подземје

Власта во обид да се одобри нацрт-законот за Игрите на среќа дури и откако не беше потпишан од претседателот. Во третото читање, законското решение е вратено без никакви корекции односно без да се земат предвид препораките на Претседателот и Амбасадата на ЕУ во Скопје. Албанската опозиција ја обвини власта, конкретно Артан Груби, дека бара усвојување на овој закон со цел да се материјализираат профитабилни цели. Според шефот на Демократското движење, Изет Меџити, Владата ги предава Игрите на среќа во рацете на подземјето, за што доказ се компаниите кои ќе управуваат со оваа индустрија а што се формирани во јануари годинава и декември минатата година.
„Со усвојувањето на овој закон, Артан Груби, наводно, ќе затвори некои обложувалници за да направи место за бизнисот со казина исклучиво за српски подземен тим, односно За Русија преку Србија. Членот за отстранување на Игрите на среќа на 500 метри од училиштата, не ги вклучува казината. Не дека нема да се намалат, туку ќе се зголемат, зголемувајќи го нивниот број уште повеќе ќе се осиромашат граѓаните. Бараме од сицилијанскиот клан да се откаже од законот и итно бараме не 500 метри, туку целосно да се отстранат и кладилниците и казината“, рече Меџити.
Власта ја обвинува албанската опозиција дека зборува во име на ВМРО-ДПМНЕ. Според Арбер Адеми, предлог-законот е јасен, додека само опозицијата и спортските обложувалници се против законското решение.
„Кој не сака да се донесе овој закон? Здружението на казина и обложувалници не го сакаат овој закон. ВМРО-ДПМНЕ и заробената опозиција од ВМРО. Кој е за усвојување на овој закон? Тоа е движењето против коцкањето. Ги следевте нивните активности и протестите а против отворање казина и обложувалници. На која страна е албанската опозиција?“ Тие се на страната на казино мафијата и кладилниците“, рече Адеми.
На 145-тата седница, точката за третото читање на Предлог-законот за коцкање е ставена на последно место. Ако пратениците го изгласаат, претседателот ќе биде должен да го потпише.
Адриан Керими