Меџити: Таравари има една недела да одлучи дали е со ВРЕДИ или со ДУИ

Таравари во рок од една недела треба да реши, дали е со ВЛЕН или не, изјави лидерот на Демократското движење Изет Меџити. Тој во интервју за Алсат вели дека Таравари не добил ултиматум, како што тврди, туку дека бил известен еден ден пред празникот Бајрам.
„Ние кои имаме политичко искуство, го препознаваме ова како купување време и бидејќи не не сме без политичко искуство, ја забрзавме иницијативата за спојување на ВЛЕН и јавно кажуваме и сега, сакаме да ја имаме Алијанса за Албанците како дел од ВЛЕН, но сакаме Алијанса во која нема ДУИ како опција“, рече Меџити.
Прашање: Кога чекате одлука?
“Тоа е процес, тргнавме по овој пат“, вели Меџити.
Прашање: Можеби нема да трае до локалните избори? Дали има рок?
„Мислам дека најмногу за една недела ќе се расчисти оваа работа затоа што сега нема смисла да ја заморуваме јавноста дали сме или не сме ВЛЕН”, рече Меџити.
Меџити признава дека изјавите на првиот човек на АА се контрадикторни. Меѓутоа, доколку остане надвор од ВЛЕН, Меџити вели дека Таравари треба да оди таму каде што е ДУИ. Соработката на Таравари од власта со ДУИ во опозиција, според Меџити, значи дека утре ќе им донесе барања на ДУИ во владината коалиција.
„Ако проблемот е ВЛЕН, ако е проблем владеењето, посоодветно е, машки и отворено да се каже, не сакам соработка со вас, сакам со ДУИ, но тогаш тој да оди кај ДУИ. Значи да оди во опозиција“, рече Меџити.
Но, сепак рече дека со премиерот Мицкоски разговарал за продолжување на владата, со оглед на тоа што има пратеничка група од пет пратеници, а притоа ги задржува функциите што ги има.
„Но, тука е проблемот. Тоа е збрка од контрадикторни изјави. Треба да ги расчистиме дилемите во сопствениот двор, во рамките на ВЛЕН. Да разјасниме дали сме или не сме ВЛЕН, дали сме или не сме влада“, вели Меџити.
Меџити не ја исклучи евентуалната реконструкција на Владата, иако премиерот пред неколку дена кусо изјави дека такво нешто не се планира.
Фатлуме Дрвиши