ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Меџити: „Вечерва на средбата на АА, 83 членови на Централното собрание“

Пред вечерашнава средба на членовите на Централното собрание на Алијанса за Албанците со партискиот лидер Арбен Таравари со свој коментар излезе министерот Фатмир Меџити, кадар на оваа партија. Според него, присуство на средбата најавиле 83 членови на Собранието.
„Алијансата за Албанците има легитимно членство, има легитимно избрани тела и како што знаете, легитимен претседател на Алијанса за Албанците е Арбен Таравари. Собравме 83 членови на Централното собрание и мислам дека тука нема сомневања“, рече Меџити.