ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Меџити вети мерки за граѓаните да не заминуваат во странство: Илјадници Албанци ќе вработиме во јавната администрација!

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, кој е и лидер на Демократското движење, синоќа на партиски настан во Шуто Оризари дал „силно ветување“ дека за една година Владата ќе реализира повеќе вработувања на Албанци во државна и јавна адфминистрација отколку што се направени во двата претходни мандати од другите албански политички субјекти.

Advertisements

„За прашањето на вработувањата, за една година ќе направиме онолку вработувања колку што тие направија за два мандати, осум години во Владата. Значи, ќе бидат стотици, ако не и 2-3 илјади Албанци во државната и јавната администрација и насекаде каде што има потреба од обновување на тие работни места, со што ќе се елиминира една пречка и проблем на нашите граѓани, за да не заминуваат во странство и да не ја гледаат својата перспектива надвор од државата“, изјави Меџити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button