Меџити: Видлива е поделбата во АА на Таравари, нивните позиции во Владата остануваат во „ВЛЕН“

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вели дека сегашните функционерски позиции во Владата на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари кој синоќа најави дека ќе поднесе оставка од министерската позиција остануваат во коалицијата „Вреди“. Најави дека ќе направат анализа и оти ќе понудат најдобри и најподготвени кандидати за позициите што ќе се испразнат поради излегувањето на АА на Таравари од Владата.
– Прво треба да ја констатираме оставката, тоа што е битно е што сите позиции на Алијанса за Албанците ќе останат во рамки на ВЛЕН, ќе направиме анализа, ќе ги дадеме најдобрите и најподготвените за тие позиции, рече Меџити одговарајќи на новинарско прашање.
Според Меџити, со тоа што Таравари најавил оставка за себе, но не и за другите функционери од АА се покажало дека одуката за излегување од Владата не кореспондира со членството и структурата на партијата и оти има видливи поделби.
– Тоа што самиот најавува оставка но не и за другите функционери покажува и докажува дека има донесено одлука која не кореспондира со членството и структурите на партијата, има видливи поделби, ги гледаме, секојдневно има различно размислување, непочитуивање на одлуката на претседателот, несватлива им е, затоа веќе е видлива поделбата на АА, рече Меџити.