
Министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека му стојат на располагање на обвинителството за да ја обезбедат потребната дополнителна документација во врска со аферата на Онологија. Меџити апелира да се откријат сите сомнителни случаи, сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, но да не се генерализира одговорност кај целата лекарска фела.