МАКЕДОНИЈА

Меџити: Во ДУИ мислењата различно се вреднуваат како додадена вредност

Заменик претседателот на ДУИ, Изет Меџити, поканет во „Емисијата 200“ на Алсат, ги негираше гласините дека судирите во рамките на ДУИ се игра за привлекување на вниманието на јавноста. Според него, ова се гласови на опозицијата и оти вистината е дека тој го изразил своето мислење поинаку, што во ДУИ се сметало за додадена вредност.

Advertisements

„Дали е игра или е вистина, со целосна одговорност велам дека е вистина и не тврдам дека сите ќе поверуваат во ова, на крајот на краиштата никому не е забрането да дејствува како опозиција, тие имаат своја работа, јас зборувам за ДУИ. Вистина е дека минатата недела кога се одржа централното претседателство беше речено дека темите се дискутирани и разработени. Во зависност од перцепцијата, дали ова го гледаме како проблем или како додадена вредност во рамките на ДУИ. Затоа што таму каде што има дебата, каде што има судир на аргументи и судир на концепти е напредок. Мислам дека господинот Ахмети различно го оценува мислењето, како што рече во јавноста, како додадена вредност на ДУИ“, изјави Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button