ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити: Во Владата постои договор за Законот за правична застапеност, кој ќе го замени нефункционалниот балансер

Меџити: Во Владата постои договор за Законот за правична застапеност, кој ќе го замени нефункционалниот балансер

Во Владата има договор за донесување на Законот за правична застапеност. Ова го соопшти првиот вицепремиер Изет Меџити, кој рече дека балансерот во последните години не функционира, поради лажното декларирање на етничката припадност. Додека пак, со Законот за правична застапеност, вработувањето ќе се врши врз основа на квалификации.

Advertisements

„Првенствено, балансерот беше во функција на спроведувањето на Рамковниот договор и правичната застапеност на помалите заедници во државната и јавната администрација. Да бидам искрен, во првите години придонесе за ова и ја подобри сликата за етничката припадност во јавната и државната администрација, но во последните години не беше ефективно, имаше спротивен ефект бидејќи имаше многу случаи, кои иако балансерот вели дека мора да се вработи Албанец, Турчин или Македонец, луѓето дале лажни изјави за да се вработат. На централно ниво беше можно Македонците да се декларираат како Албанци, на локално ниво Албанците како Македонци. Значи „балансерот“ не е во функција. Имаме политички договор за ова да се регулира со Законот за правична, но и квалитативна застапеност. Тоа значи дека ако Македонците мора да се вработат, да, ќе бидат ангажирани, но најквалификуваните, ако мора да се вработат Албанците, да, но најквалификуваните, најобразованите, најподготвените ќе им служат на граѓаните подобро за потребите на нивни, утре и задутре“, рече Изет Меџити.

За законот за „Бранителите“, Меџити рече дека коалицијата ВЛЕН јасно ставила до знаење дека овој закон ќе остане блокиран. Тој рече дека ова прашање е актуелизирано од претходната власт и смета дека тоа се прави за политички поени и оди во насока на дестабилизација на процесите и на самата држава.

„Имаме конечен став дека не е добро за процесите и за државата и не е приоритет да се одобри ваков закон. Тој сега ќе остане блокиран во комисијата предводена од Иљире Даути, а очекуваме и таму да остане“, додаде тој.

Запрашан за казината, Меџити најави дека на следната седница на Владата, која се очекува да се одржи во вторник, онлајн казината ќе бидат укинати.

„Во наредната седница се очекува да се укинат дивите онлајн казина, а казината ќе ги држиме подалеку од нашите деца и нашите домови. Друг момент, исто така, е борбата против казината кои работат незаконски, а кои се проблематични не само во земјава, туку и во регионот“, изјави Изет Маџити.

Во интервјуто за Радио Слободна Европа, Меџити вели дека многу пратеници од опозицијата сакаат да станат дел од владата и тоа според него ќе се случи.

„Постои комуникација. Повеќе пратеници од опозицијата комуницираат и сакаат да бидат дел од новото мнозинство. Мислам, не го знам датумот, но тоа ќе се случи“, нагласи Изет Меџити./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button