ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити за првите 100 дена: Фоксуот на борбата против казината и корупцијата

Меџити за првите 100 дена: Фоксуот на борбата против казината и корупцијата

Во првите 100 дена од коалицијата ВЛЕН како партнер во власта велат дека работеле на спроведување на програмата и на ветувањата дадени во кампањата. Првиот вицепремиер Изет Меџити наведе дел од проектите за кои, според него, веќе се започнати процедурите. Тој се осврна на борбата против бизнисот со казина, нагласувајќи дека има обиди за нивно целосно искоренување.

Advertisements

„Ја отстранивме опасноста од нашите деца, од нашите домови од таблетите и другите места каде што играле во минатото, исто така, има владина одлука со која е објавена жестока војна против организацијата на казино бизнисите на див начин и за тоа постои комисија формирана од министерството за дигитализација и неколку други органи кои секојдневно ќе се занимаваат со оваа појава. И нема да застанеме тука, ќе донесеме нов закон со кој ќе се ограничи и елиминира овој бизнис штетен за нашата младина“, рече Изет Меџити, вицепремиер, ВЛЕН.

Меџити подвлече дека во овој период интензивно се работи на расветлување на сите случаи на корупција. Тој додаде дека со правдата ќе се соочат сите оние кои во минатото се огрешиле користејќи го политичкиот мандат за лична корист.

„Во овие 100 дена интензивно се работеше за да се направи политичката ротација и интензивно се работеше на расветлување на случаите на корупција и мислам дека полека овие случаи ќе се расчистат и нема да се занимаваат со политика, туку ќе се занимаваат со судски и обвинителски органи сите оние кои погрешиле во минатото, кои политичкиот мандат го искористиле за лични и семејни придобивки”, додаде Изет Меџити, вицепремиер, ВЛЕН.

Меџити рече дека приоритет на ВЛЕН во Владата останува квалитетот на образованието, потенцирајќи дека во првите 100 дена се издвоени 35 милиони евра за изградба на универзитетскиот кампус „Мајка Тереза“. Меџити понатаму додаде дека и децентрализацијата била дел од програмата а ќе остане во фокусот. Тој ја обвини опозицијата дека во овој период, покрај погрешните критики, се обидувале да предизвикаат и дестабилизација./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button