МАКЕДОНИЈА
Меџити: Законот за правична застапеност го изработуваат најдобрите експерти

Најдобрите експерти работат на изготвување на Законот за правична и соодветна застапеност, вели вицепремиерот Изет Меџити. Постапката за негово одобрување воопшто не е загрозена од излегувањето на АА од владата, нагласи Меџити.
„Нормално е кога се работи за закони и правни акти, секој субјект ангажира свои експерти. Имаме свои експерти од ВРЕДИ, еминентни професори од Тетовскиот универзитет, УЈИЕ, Мајка Тереза, тие имаат свои професори и нема тука никаква штета. Се финализира и наскоро ќе имаме конференција“, рече Меџити.