ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити: Законот за употреба на јазиците е тема поради половични и нецелосни решенија на политиките на ДУИ

Јавноста дискутира за законот за употреба на јазиците поради нецелосните решенија и досегашните политики кои ги водела Демократската унија за интеграција (ДУИ), оцени денес владиниот потпретседател и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Advertisements

Ова е негов став даден по барање на новинарите на настан во Тетово, а по денешното соопштение на ДУИ кои посочија дека секој обид за укинување на која било одредба тој закон не е само правен чин, туку претставува директен удар врз стабилноста и мирот.

-Сега се соочуваат со одговорноста, и пред одговорноста им треба магла, им треба дестабилизација. Но, ако во државата некој нема право значи за ова прашање, тоа е ДУИ. Заради нивните половични, нецелосни решенија дадоа можност некој денес да се занимава со ова прашање. Ова прашање да беше апсолвирано како што треба, да имаше закон за албанскиот јазик по сите теркови денес немаше да биде тема на дискусија. Тема на дискусија е заради половичните и нецелосните решенија токму на ДУИ, истакна Меџити.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button