ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Медицината е најпосакуваната насока за студентите кои за прв пат се запишуваат на додипломски студии

Медицината е најпосакуваната насока за студентите кои за прв пат се запишуваат на додипломски студии

Медицината е најпосакувана гранка меѓу студентите за академската 2024/2025 година. Минатата година беа запишани вкупно 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 проценти во споредба со претходната година. Најголемиот број студенти се девојки односно 59,3 проценти од запишаните.

Advertisements

“Во прва година на студии во академската 2024/2025 година се запишале 14 644 студенти, што е 27,4 отсто од вкупниот број. Од нив, 13 825 студенти се запишале првпат на студии. Кога станува збор за изборот на студии, здравството и социјалната заштита се покажале како најпривлечни, со 13 371 запишани студенти”, велат од Државен завод за статистика.

По медицината, најзаинтересирана област од страна на студентите е бизнис, администрација и право со 10.839 студенти, и информациски и комуникациски технологии со 8.875 студенти.

„Најголем дел од студентите, дури 76,8 проценти, се одлучиле за студирање на државните високообразовни установи, додека преостанатите 23,2 проценти се запишани на приватните факултети„, велат од Државен завод за статистика.

Најмал број на запишани студенти, 740, се од областа на земјоделството, шумарството, рибарството и ветеринарната медицина. Инаку, во последните години има значително намалување на бројот на ученици и студенти. За седум години, во земјата има 17.000 ученици помалку, додека бројот на студенти е намален за 7.000./Алсат.мк

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button