Медицинската сестра пензионирана, нема нова, па децата од Групчин нема кој да ги вакцинира
Медицинската сестра пензионирана, нема нова, па децата од Групчин нема кој да ги вакцинира

Амбулантата во село Групчин општина Желино веќе шест месеци е без лекар и медицинска сестра кои ги вакцинирале децата од ова село. Сестрата се пензионирала во септември, а сè уште нема нова. Жителите на селото велат дека поради недостиг на лекарски тим, многу деца од Дервенскиот крај останале невакцинирани, особено со „рота вакцина“ која се дава строго во одреден рок, а потоа повеќе не може да се земе.
„Со последниот случај што го имавме со вакцинацијата се крена голема врева. Ги повикаа децата да примаат вакцини, но немаше доволно вакцини. Дојдоа сите мајки со децата, дури и јас бидејќи бев со внука ми и ни рекоа – не, нема вакцини. Планиравме за 40 деца. Овде има 10 села по 5 деца да бидат ете 50. Да изброиме 10% од жителите, односно над 100 деца. За тој ден планирале 40 вакцини, па 60 отсто се вратиле. Некој е принуден да оди до Тетово да прими вакцини, некој да чека до следниот рок кога ќе дојде. Кај нас треба и од Саларево да доаѓаат да прими вакцини, но и од Мерово. Саларево е на 17 километри. Треба да дојдат овде или да одат во Тетово, треба средства, услови, некој да го носи. Верувајте дека многу деца се оставени, па имаат проблеми со запишување во училиштата. Им требаат училишни вакцини“, рече Илир Алија, претседател на месната заедница на село Групчин.
Жителите бараат што поскоро да се најде решение за проблемот.
„Досега децата ги примаа вакцините овде во амбулантата во Групчин, сега не знам каде ќе ги примат. Потребна ни е медицинска сестра за со децата да не патуваме далеку бидејќи е време на криза, затоа што некој може да ја одложи вакцината“, рече еден жител.
„Многу е потребно да имаме медицинска сестра во селото. Каде да одиме? Имавме секогаш и треба да имаме. Овде има 9 села, сите доаѓаат овде и се вакцинираат, па каде да одиме? Во Желино? Или до град?“, додаде друг жител.
„Како да одиме до Тетово по вакцина? Мора да најдат решение, да донесат некој да ја замени сестрата. Тоа е многу потребно, многу“, нагласи еден жител.
Од Здравствениот дом во Тетово велат дека побарале од Министерството за финансии да се вработат 5 медицински сестри за подрачјата кои останаа без ваков кадар, но не добиле позитивен одговор.
Земјава се соочува со значителен недостиг на медицински сестри. Во изминатите 5 години од Македонија заминаа околу 6.000 сестри, главно во Германија. Според податоците на Синдикатот на Клиничкиот центар, секоја клиника се соочува со недостиг од најмалку 5 медицински сестри./Алсат.мк