ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Медиумите останаа пред вратите на Судскиот совет, седницата сѐ уште не е почната

Седницата на Судскиот совет закажана за денеска во 11:00 часот сѐ уште не е започната, а медиумските работници чекаат 1 час пред вратите на оваа институција.

Потсетуваме дека денеска на дневен ред треба да биде изборот на новиот прв човек на оваа институција откако вчера, на иницијатива на потпретседателот Селим Адеми и со вкупно 7 гласа, беше разрешена претседателката Весна Данева.

Неофицијално дознаваме дека членовите на Судскиот совет немаат доволно гласови за да го изберат новиот прв човек на оваа институција.

Сѐ уште не се знае дали овој процес ќе заврши денеска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button