СПОРТ
Медведев нема да ја брани титулата во Ротердам

Данил Медведев несреќно го загуби финалето на Австралија Опен, откако водеше со 2-0 против Јаник Синер. Сега, Русинот нагласи дека по тој натпревар му е потребна пауза, а станува збор за повреда. Медведев нема да игра и да ја брани титулата на АТП турнирот во Ротердам.
„За жал, морам да се повлечам од турнирот во Ротердам. По неверојатно напорниот и долг настап во Австралија, моето тело (а особено моето десно стапало) не се опорави добро за да можам да ја бранам титулата. Сакам да играм во Ротердам, долго настапувам таму и се радувам на моето враќање во 2025“, изјави Медведев.
Поради откажувањето на настапот, Медведев со сигурност ќе загуби 500 бодови на АТП рангирањето и можеби ќе падне од третото место.