СПОРТ

Медведев шокиран уште во второто коло од Мастерсот во Синсинати

Еден од главните фаворити за титулата на Мастерсот во Синсинати, Данил Медведев доживеа елиминација во второто коло од турнирот (во првото беше слободен) откако загуби во два сета од Јиржи Лехечка (6-7, 4-6).

Advertisements

Клучни беа трите пропуштени брејк топки на Русинот во првиот сет, па Лехечка го искористи тоа и во тај-брејк дојде до водство од 1-0. Во вториот дел од мечот повторно Медведев имаше две „врзани“ брејк топки за 2-1, Чехот ја искористи својата шанса и стави точка на мечот.

Во третото коло од турнирот, Лехечка ќе се сретне со Френсис Тиафо, а за Медведев останува да се подготвува за Ју-Ес Опен кој почнува на 26 август.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button