Меѓу помилуваните на Сиљановска лице од криминалната група „Барон“ и екс градоначалник

За 23 октомври не се радуваше само поетот Славе Димоски кој денеска беше одликуван за достигнувања во областа на науката, културата и наследството, туку и 10 осуденици кои беа помилувани од претседателката Гордана Силјановска Давкова. Во чест на Денот на основањето на Револуционерната организација во Солун, на 23 октомври 1893 година, претседателката ги помилуваше Шенол Маслан, кој пред пет години беше уапсен за дрога, напад на полицаец и оружје. Според одлуката, на Маслани му се заменуваат 6 месеци затвор, со 6 месеци условна казна.
Со условна затворска казна затвор во траење од 1 година и 3 месеци се ослободен и Акиф Равмановски од Арачиново, кој е дел од криминалната група „Барон“, а беше осуден за носење оружје без дозвола. Равмановски, иако беше во затвор, пред повеќе од една недела беше вклучен во вооружен инцидент каде беше ранет 35-годишен маж. Според полицијата, тој имал дозвола да работи преку ден, додека навачер се враќал во затвор на издржување на казната.
Целосно му е простено и на лицето Никола Трипчевски кое требаше да одлежи затворска казна до 1 година.
Најпознато име на списокот е поранешниот градоначалник на општина Битола, Владимир Талевски, кој беше осуден на седум години затвор за злоупотреба на службената положба во случајот на поранешното Специјално обвинителство „Транспортер“. Со одлуката за помилување, казната на Талевски е намалена за една година, додека по три години минати во домашен притвор, ќе му останат уште четири години.
Силјановска ги помилува Марјан Ефремов, осудениот за случајот „Шпион“ и Тодор Попов, Томислав Симонов, Перо Кузмановски и Живко Делижаков од 3 месеци затвор.
2 месеци ќе му се простат и на Муарем Али.
Според Законот за помилување, постапката за помилување започнува со изјаснување поднесено од осудениот или неговиот адвокат. За молбата, оценка мора да даде затворот во кој осуденикот ја издржува казната, а во Министерството за правда се формира комисија за помилување. Комисијата го испраќа предлогот до комисијата за помилување на претседателот, додека конечната одлука ја носи исклучиво претседателот.
Суад Бајрами