ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меѓу жртвите во кочанската трагедија има и 5 членови на музичката група ДНК

Меѓу жртвите во кочанската трагедија има и 5 членови на музичката група ДНК

Во синоќешната трагедија во дискотеката ПУЛС во Кочани животот го загубија Андреј Ѓоргиевски, Филип Стефановски, Ѓорги Ѓоргиев и Сара Пројковска членови на музичката група ДНК, како и фотографот на групата Александар Ефремов. Веста ја соопштија членови на групата ДНК, кои пред неколку моменти објавија фотографии од нивни членови. Двајца од членовите им подлегнале на повредите во попладневните часови. Членовите на групата како и голем број пријатели на починатите преку своите објави на социјалните мрежи се простија од нив.

Advertisements

Во овој трагичен настан животот го загуби и фудбалер на Фудбалскиот клуб Шкупи. Се работи за Андреј Лазаров. Од Шкупи на Фејсбук напишаа дека ова е голема загуба за клубот и неговите соиграчи, додавајќи дека нивниот пријател го загубил животот борејќи се да ги спаси луѓето кои се обидувале да избегаат во моментот на пожарот. Андреј Лазаров во ФК Шкупи бил во последните шест месеци, но ќе остане во сеќавањата на овој клуб до крајот на животот, пишува Фудбалскиот клуб Шкупи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button