Меѓународна потерница по Артан Груби

Меѓународната потерница е распишана за поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државната лотарија Перпарим Бајрами. Потерницата е објавена на веб-страницата на МВР, каде што се нагласува дека лицата се под истрага за сторено кривично дело.
Во меѓувреме, Кривичниот суд вчера го прифати предлогот на Обвинителството и им одреди 30-дневен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами. Веднаш штом ќе бидат фатени од органите на прогонот, ќе бидат испратени во затвор.
„По известувањето на Министерството за внатрешни работи дека двете лица за кои Обвинителството предложи притвор, додека се поврзани со истрагата за Државната лотарија, се недостапни за органите на прогонот, се носи решение за прифаќање на предлогот и се определува 30 дена притвор поради постоење основи од член 165“, наведоа од Кривичен.
Во меѓувреме, Кривичниот суд одлучи да изрече безбедносни мерки, поточно им ги одзеде пасошите за останатите 4-ца инволвирани во истрагата за „Државна лотарија“. Обвинителството пред неколку дена соопшти дека Груби и Бајрами се осомничени за „Измама во служба“ по член 354 од Кривичниот законик кој предвидува казна затвор од најмалку четири години. Останатите четворица осомничени, на кои им се одземени пасошите, се товарат за злоупотреба на службената должност, додека за делото од Кривичниот законик им се заканува казна затвор од најмалку 5 години. Направената штета во Државна лотарија според Обвинителството е над 500 милиони денари или околу 8,2 милиони евра.
Алсат