ВЕСТИСВЕТ

Меѓународната агенција за атомска енергија во Украина ги истражува руските наводи за производство на „валкана бомба“

Експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска започнаа со проверка на две локации каде што руските власти тврдат дека Украина произведува „валкана бомба“.

Advertisements

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, изјави дека инспекциите започнале на две локации во Украина и ќе бидат завршени наскоро.

Украина ги побара тие инспекции по руските обвинувања.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, неодамна имаше телефонски разговори со министрите за одбрана на Турција, Франција, Велика Британија и САД.

Шојгу им ја пренел на колегите својата загриженост „за можната провокација на Украина“ и можната украинска употреба на „валкана бомба“ на нејзина територија со цел да ја обвини Русија за тој напад.

Радиолошка бомба или „валкана бомба“ се состои од конвенционален експлозив опкружен со радиоактивни материјали кои се шират во моментот на експлозијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button