ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меѓународни експерти кажаа што мислат за барањето на Алтернатива за меѓународна експертиза на некои случаи

За да има меѓународна истрага за политички мотивирани случаи во земјава, треба однапред да се исполнат низа услови, вели поранешната судијка за човекови права и слободи во Стразбур, Маргарита Цаца Николоска. По договорот меѓу премиерот Зоран Заев и Африм Гаши за барање за меѓународна истрага за политички монтирани случаи, Цаца Николлоска вели дека можеби ќе има меѓународен мониторинг и истрага само за да се утврди дали е применето меѓународното право за коректен пристап до процедури, за владеење на правото, демократија и слично. Но, за да може повторно да се отворат случаите или да се одржи ново судење овде во земјава, мора да се разгледа можноста за промена на законодавството.

Advertisements

Според експертот Цаца Николовска, Институтот „Повторување на постапката“ постои во македонското судство и може да се примени, но за да се повторат тие случаи зависат од многу околности.

Алтернатива ја условуваше одлуката за учество во владата со истрага или расчистување на некои судски процеси за кои се верува дека се наместени. Станува збор за случајот „Монструм“ кои се уште ја немаат завршено постапката во Врховниот суд, додека за случајот Алмир, сите постапки се завршени а пред извесно време предметот е испратен и до судот во Стразбур.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button