ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меѓународниот фактор бара Антикорупциска да добие повеќе средства и човечки ресурси

Меѓународниот ден за борба против корупцијата повторно ги затекна независните регулаторни тела без засилени капацитети, иако тоа постојано се бара.

Advertisements

Поддршка за зајакнување на капацитетите изрази и евроамбасадорот во земјава.

„Комисијата сè уште треба да ги исполни своите обврски во целост, главно преку поголеми буџетски средства и обезбедување на потребните човечки ресурси. Нејзините препораки во случаите со непотизам и политичко влијание во јавните институции мора да се следат ефикасно.“

Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски рече дека за време на неговиот мандат се воспоставила добра основа за комуникација и меѓусебна соработка меѓу централните институции и регулаторните тела. Во меѓувреме, министерот за правда Бојан Маричиќ рече дека за истрагите против корупција да бидат успешни, треба да се процесираат.

Експерти пак, оценуваат дека за да се обезбеди владеење на правото, освен политичка волја, потребни се и силни институции.

Оправдувајќи се со предвремените избори и пандемијата, Собранието и Владата годинава не исполнија многу препораки за борба против корупцијата, изборното законодавство, Деловникот за работа на Собранието, законот за судови, законот за совет на јавни обвинители и многу други обврски.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button