ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меѓународните претставници во Собранието побараа соработка меѓу пратеничките групи за спроведување на реформската агенда и поголем надзор врз извршната власт

Пратениците, иако присуствуваа во мал број денес во Собранието, слушнаа за Агендата на реформите за периодот 2024-2027 која е поврзана со планот за раст и процесот на евроинтеграција. Практично сите присутни зборуваа за улогата на Собранието во спроведувањето на реформската агенда и за надзорната улога во овој процес. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, рече дека Собранието има подготвеност и обврска секоја реформа да ја третира со максимален приоритет.

Advertisements

Власта и опозицијата зборуваа за потребата од консензус во Собранието и надзор над извршната власт.

Реформите не се само прашање на закони, туку прашање на лидерство со отчетност и транспарентност, изјави министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани.

„Зајакнувањето на владеењето на правото е основата на реформската агенда. Обезбедувањето независно судство и борбата против организираниот криминал и корупцијата е од суштинско значење, не само како услов за пристапување во Европската унија, туку како основно право на секој граѓанин”,речеОрхан Муртезани, министер за евроинтеграции.

Меѓународните претставници ги потсетија пратениците на важноста од искористување на средствата од планот за раст преку имплементација на реформите, што ќе ја приближи земјата до Европската унија. Тие истакнаа дека партиите можат да обезбедат дијалог и консензус во Собранието.

„Парламентот има клучна улога во зајакнувањето на системот „check and balance“, особено во неговата надзорна функција и да обезбеди дека преговорите што ги води владата се во најдобар интерес на државата, но исто така да обезбеди дека агендата на реформите се спроведува ефективно. Парламентот може да помогне во создавање на политички консензус. Меѓупартиската соработка е клучна за создавање на политички консензус во поддршка на интеграцијата и агендата на реформите“, рече Вероника Холман, Амбасадорка на Швајцарија.

„Ние се надеваме на конструктивен и континуиран дијалог помеѓу политичките актери за да го претворат планот за реформи во реалност. Патот на имплементација на агендата за реформи и интеграција треба да остане национален проект за сите политички актери, за да се осигури дека земјата ќе ги постигне своите стратешки цели“, нагласи Бен Нупнау, заменик амбасадор на ЕУ.
Агендата за реформи предвидува низа мерки што земјата треба да ги спроведе до 2027 година во областа на борбата против корупцијата, владеењето на правото, економскиот развој и други области. Спроведувањето на агендата е поврзано со планот за раст преку кој земјата добива финансиска помош од ЕУ./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button