ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Меѓупартикси обвинувања за новата цена на струјата

Поскапата струја останува главна тема за меѓупартиски препукувања. Опозицијата тврди дека не очекува тешка година на економски план, бидејќи цените на производите ќе продолжат да растат. Од ВМРО-ДПМНЕ прогнозираат дека на лето повторно ќе има повисока цена на струјата, поради, како што велат, лошото менаџирање на власта со енергетските компании, но и глобалната криза.

Advertisements

„Во јули кога ќе има повторно ревидирање на трошоците, јас мислам дека повторно ќе има покачување. Ако ништо друго, сигурно ќе има промена, затоа што Законот за ДДВ ќе бара враќање на 10%, односно од 5% да се врати на 10% данокот. Прво тој инпут ќе се почувствува, а јас не очекувам дека во овој краток период оваа Влада ќе го изменаџира се она што го уништи во пет години“, рече Елена Маркова Велинова – претседател на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

И од Алијанса за Албанците укажуваат на потфрлувања во енергетскиот сектор. Велат дека со укинувањето на евтината дневна тарифа поскапувањето всушност изнесува 14,23% и понудија Владата да ги разгледа нивните предлози.

„Да се отстранат петте проценти од ДДВ-то додека трае енергетската криза, па на сметката ќе се обезбеди помош за граѓаните од 156 денари или таксата за јавно осветлување од 168 денари да ја земе за обврска централната власт“, рече Илие Даути – Алијанса за Албанците.

Од друга страна, социјалдемократите уверуваат дека економијата е стабилна, а Владата е подготвена да им помогне на граѓаните и компаниите. Тврдат дека реагирале брзо и навремено, со што бил спречен ценовен шок.

„Мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесе цената на струјата да биде покачена за само 9,48%, што е далеку под првичните прогнози од над 25%. Притоа, евтината ноќна тарифа на струјата и евтината тарифа во недела ќе се задржат, а дополнителни рестрикции нема да има“, рече Богданка Кузеска – портпарол на СДСМ.

За обвинувањата од опозицијата, Кузеска одговори дека ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува кризата за евтини политички поени и единствено создава паника кај граѓаните.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button