ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меѓусебни обвинувања, кој повеќе се меша во правосудството, ДУИ или ВРЕДИ

Шокантни и загрижувачки за ДУИ се изјавите на Меџити дека „доколку Таравари одлучи да соработува со ДУИ, тогаш владата ќе ѝ направи услуги на ДУИ за да ги ослободи обвинетите за корупција“.

Advertisements

ДУИ:
„Ова не е лапсус. Ова е јавно признание дека правдата во оваа земја е заробена и дека владата може да интервенира во одлуките на обвинителството и судството. Со сопствени зборови, тој потврди дека правосудството не функционира независно, туку се води од наредбите и интересите на неговиот политички шеф, Христијан Мицкоски. Владата прави услуги, ги штити избраниците и ја држи правдата во заложништво.“

Од ВЛЕН велат дека ДУИ е заеднички именител на сите влијанија врз правдата.

ВЛЕН:
„Нема поголема хипокризија од тоа кога ДУИ плаче за правда. Доволно е да се постават само три брзи прашања: Кој ја започна медиумската кампања против Претседателката на Врховниот суд? Дали таа кампања беше со цел помилувањата на Ѓорѓе Иванов да важат и за Никола Груевски? Кој ги донесе срамните измени на Кривичниот законик? Одговорот е ист за сите: ДУИ е заедничкиот именител на секоја нарачана одлука во правосудството!“

Од ВРЕДИ не ги изоставија ниту сомнежите и обвиненијата за корупција и мешање во правосудството за Бујар Османи, Артан Груби, Иџет Мехмети, Исмаил Јахоски и други.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button