МАКЕДОНИЈА

Мехмеди: Русија ја отфрли илузијата дека времето на војните заврши

Постојаните повици од САД за зголемување на буџетот за одбрана сега се сметаат за реални. Ова е оценката на политикологот Фатон Мехмеди, поканет во емисијата „Патот кон“ на Алсат, каде се дебатира за генезата на руско-украинскиот конфликт. Според него, рускиот напад врз Украина го отфрлил митот дека времето на војните е завршено.

Advertisements

„Мислам дека Европа и воопшто Западот до овој период, до овој чин живееја со одредена илузија дека времето на војните заврши, историјата заврши, се движиме кон друг свет. Дури и во 21 век Русија ни докажа дека не сме во право. Предлозите на САД за зголемување на буџетот, 2 отсто за одбрана кои се стандарди на НАТО што ги бара секоја земја, 2 отсто од бруто домашниот производ да се инвестира во одбраната беа реални и мислам дека се одраз на сите европски земји, особено оние што се во НАТО, како Германија конечно по одреден притисок да го запре протокот на гас и да го зголеми буџетот. Дури и Германија отиде уште подалеку со почетните 100 милијарди евра, за да дојде до точка каде што има сериозна армија, бидејќи ситуацијата е неизвесна, непредвидлива“, вели Мехмеди.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button