
Нема простор за паника, метапневмовирусот е стар вирус и не треба да се очекува дека ќе биде нов ковид-19, вели во изјава за МИА портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ.
„Вирусот е стар. Вообичаено циркулира во зимските месеци. Не треба да се очекува дека ова ќе биде новиот ковид-19 и не треба да се крева паника дека ова ќе биде нешто што повторно ќе се репризира – налик она што беше 2020 година кога се ширеше САРС-КОВ-2“, вели Мехмедовиќ.
Тој посочува дека вакцина за овој вирус не постои и нагласува дека смртноста од него е исклучително ниска, многу пониска од таа на грипот.
„Компликациите од овој вирус се исклучително ретки. Вообичаени се кај деца под две години или кај лица со нарушен имунитет“, додаде Мехмедовиќ.