КОШАРКАСПОРТ

Мекиќ: Фаворитската улога би ја препуштил на Естонија

Кошаркарската селекција на Македонија е пред нов предизвик во квалификациите за следното Европско првенство. Нашите најдобри кошаркари во петок ќе го пречекаат составот на Естонија, кој според Адем Мекиќ е фаворит во оваа пресметка. Членот на Задар го најави дуелот со незгодната селекција на Естонија, но и покрај тоа што му ја предаде фаворитската улога на противникот, верува во победа на Македонија.

„Естонија е селекција која што е многу агресивна, игра брза и атрактивна кошарка и игра одлично во последниот период. Но, ние играме на домашен терен и тоа е нашата предност. Ќе го дадеме максимумот на овој натпревар и верувам во оваа екипа дека може да дојде до позитивен резултат. Имаме играчи како што се Ненад Димитријевиќ, Војдан и Дамјан Стојановски кои имаат искуство и квалитет пополнети со нашата младост и знaење и се надевам на позитивен резултат. Фаворитската улога би ја препуштил на селекцијата на Естонија. Во нашиот состав има голем број кошаркари кои играа во полуфиналето и финалето во Купот на Македонија пред само една седмица. Замор секако дека има, но сепак, тоа ќе го видиме на терен“, рече Мекиќ.

По дуелот со Естонија, нашите кошаркари ги чека гостување во Полска./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button