ВЕСТИСВЕТ

Мексико: Најмалку 53 загинати во сообраќајна несреќа

Најмалку 53 мигранти загинаа во сообраќајна несреќа со два камиони во државата Чајапас во јужниот дел на Мексико, јави ДПА.

Advertisements

Несреќата се случила кога приколката од едниот од двата камиони кои учествуваа во несреќата се извртела на опасна кривина надвор од градот Тукстла Гутиерез, соопшти  шефот на агенцијата за цивилна заштита во Чиапас, Луис Мануел Гарсија.

Во несреќата се повредени стотина лица.

Гарсија, рече дека, според очевидци, камионот возел пребрзо во острата кривина.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на Твитер напиша: „Длабоко жалам за трагедијата предизвикана од превртувањето на приколката во Чиапас во која се превезуваа мигранти од централна Америка. Тоа е многу болно“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button