МЕТРОПОЛ
Меланија Трамп лансира своја криптовалута

Меланија Трамп, која денеска ќе стане и официјална прва дама на САД, лансира своја криптовалута пред инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, пренесува Би-би-си.
Оваа информација таа ја објави на социјалната мрежа Икс еден ден откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја претстави криптовалутата $Трамп.
Според последните информации на пазарот, и двете криптовалути растат, но доживуваат и драстични флуктуации.
„Официјалниот мим-коин Меланија е активен! Сега можете да купите $Меланија“, објави таа вчера на Икс.