ВЕСТИСВЕТ

Мелбурн од денеска под целосен карантин


Вториот по големина град во Австралија, Мелбурн, од денеска е под целосен карантин, што ќе трае шест недели, бидејќи властите се борат со вториот бран на коронавирусот.

За време на карантинот, повеќето продавници и компании ќе бидат затворени, што предизвика загриженост кај жителите од можен недостиг на храна.

Од утрово, улиците во градот со пет милиони жители, главниот град на сојузната држава Викторија, кој пријави 471 случаи на коронавирус и осум смртни случаи во последните 24 часа, се празни.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button